Бесплатна работилница на Умно.мк за средношколци и млади од Прилеп. Пријавете се!

Умно.мк во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ ги кани средношколците и младите од Прилеп и околината, кои би сакале да научат повеќе за тајните на новинарската професија, учејќи преку следење на претстојното 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Ќе учиме како се пишува вест, како се прави интервју или извештај од прес-конференција и од тркалезна маса. Работилницата ќе трае 4 дена (9 до 13 јуни), ќа ја предводат Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, ко-основачки на Умно.мк, новинарки со долгогодишно искуство, особено во областа на културата. Работилницата се реализира во соработка со фестивалот, а ја поддржува Министерството за култура.

Можете да се пријавите на следниот линк: https://bit.ly/4bsyNhN

Сподели