Бесплатна работилница на која децата ќе може да дознаат за тајните на чукањето тапани, ќе се одржи денеска во 18 часот во Музејот на град Скопје. Работилницата ќе ја водат менторите Елена Чадиковска, перкусионист – музичарка на ударни инструменти и Урош Вељковиќ, тапанар во рок бенд.
Работилницата е наменета за деца на возраст од 6 до 10 години. Бројот на учесници е ограничен на 25 деца, па затоа веднаш пријавете се со пополнување на формуларот, достапен ТУКА.
На оваа работилница децата ќе се запознаат со ритамот на ударните инструменти тапан, триангл, ксилофон и конги. Ветуваме многу забава, многу енергија, многу насмевки.
Ова е една од серијата работилници посветени „Халки шарено лето“, во кои искусни уметници споделуваат за основите на уметностите со кои се бават, а децата имаат можност и лично да пробаат да свират инструмент или да танцуваат, на пример.