Бесплатна онлајн-обука за доење ќе се одржи денеска од 12 часот. Обуката ќе ја одржи Јасна Апостолски-Николов, дипломирана медицинска сестра, IBCLC Mеѓународен сертифициран консултант за доење и сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници.
– Сосема е природно да сте загрижени за тоа како ќе се справите со доењето, тоа е ново искуство и за вас и за вашето бебе. Со малку труд и трпение ќе научите како го надминете секој предизвик – вели таа.
Онлајн-обуката се одржува во рамките на светската недела на доењето. Покрај основите за успешен почеток на доењето, учесничките може да се информираат за одредени предизвици, како што е поставувањето на бебето, нејаснотии околу тоа кои додатоци се потребни да ги има една мајка доилка, повеќе информации за тоа како се развива лактацијата и кои се придобивките за здравјето на бебето и за мајката која дои.
Линк до обуката: https://us06web.zoom.us/j/89828121588