Скопје вечерва по 19. пат ќе ја слави културата и уметоста во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“. На многу локации во гардот ќе бидат организирани концерти, изложби, промоции, поетски читања, театарски претсвани, проекции на филмови. Главната сцеа за концерти ќе биде пред Порта Македонија, а ќе бидат отворени сите културни институции во Скопје.
– „Бела ноќ“ е вечер на уметност и креативност, кога улиците и местата во Скопје стануваат плато на кое се претставуваат различни видови перформанси и култура. Секоја година го заземаме градскиот простор и го трансформираме во место на интеракција и впечатливи перформанси – велат организаторите, Универзална сала.
Од Јавното сообраќајно претпријатие најавија дека автобусите бесплатно ќе возат од 18 часот до 5 часот наутро.