Беди Ибрахим и Атанас Ботев со свои дела на фестивал во Варна

Сликарско-скулпторска изложба на македонски и бугарски уметници е отворена во Варна, во рамките на Музичкиот фестивал „Чаики арт фестивал“ (Галеби арт фестивал“). На изложбата во „Галеријата 33“ свои дела од Македонија излагаат уметниците Беди Ибрахим и Атанас Ботев. Тие излагаа дела заедно со скулпторот од Варна, доцент Николај Нинов.

Фестивалот е организиран од „Поетика фондацијата“, а финансиски е поддржан од Фондот за култура при општина Варна. Целиот културен настан на кој учествуваа музичките бендови од Македонија („21 век“) и од Бугарија (Gigashadow, Pizza, Behind Bars и Сричка) беше беспрекорно организиран од Паскал Гонов.

Изложбата ќе биде отворена до утре.

Сподели