Базар на облека од втора рака во „Јавна соба“

Во „Јавна соба“ во Скопје денеска од 11 до 15 часот ќе се оддржи третиот базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други прозиводи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари.

– Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните трговски центри – велат организаторите.

На базарот ќе има 35 штандови. Трендот за second hand модата е во нагорна линија, од страна на изложувачите, но и од страна на посетителите. Голем број посетители ги поддржуваат овие мали и локални бизниси, а воедно прават добро и за својот буџет и животната средина.

Сподели