Атрактивни и бравурозни точки на ново издание на „Баскер фест“ нajaвуваат организаторите за вечерва во 20 часот, на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. И на оваа забавна вечер со отворениот уличен фестивал „Баскер фест” се очекува спектакл под отворено небо со кловнови, жонглери, пантомима, атракција со танчери, марионети, стрелаштво, музика и забава за сите.
„Баскер фест” нуди улична уметност за сите генерации, а најмногу радост и возбуда за најмладите. Настанот го организира Општина Крива Паланка во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето” и Крива Паланка – Град на културата”.