Baroque Recomposed е насловот на концертот што утревечер во 20 часот во Сули ан ан ќе го одржи оркестарот на институтот FAME’S, составен од млади музичари од цела Европа. Ќе настапи и ќе диригира виртуозот на виолина, Емилио Перцан. Програмата нуди извонредна музичка авантура низ вековите – од барокна до современа класика. Публиката ќе има ретка можност да слушне дела од: Вивалди, Делабако, Пучини и Макс Рихтер. Ќе биде избедено делото „Recomposed: The Four Seasons“, современа и длабоко инспиративна реинтерпретација на Вивалди, создадена како уметничка реакција на климатските промени.
Емилио Перцан е интернационален уметник со настапи на најпрестижните светски сцени – од Театро „Колон“ во Буенос Аирес, преку Берлинската филхармонија до Концертгебау во Амстердам. Како виолинист и диригент, има соработувано со врвни имиња од светската музичка сцена и има издадено повеќе од 20 цедеа за престижни издавачки куќи.
Во Скопје ќе настапи во двојна улога – и како солист, и како диригент, носејќи ја својата визија за иновативна класична музика. Овој концерт не е само музички настан – туку културен дијалог меѓу генерации, жанрови и европски традиции.
Продажба преку mktickets.mk Бројот на места е ограничен.





