Банкомат-реплика на традиционална куќа поставен во Охрид

На овој начин секој корисник на Халкбанк, а и секој посетител на Охридската чаршија ќе има уште една можност одблизу да го почувствува духот на охридската традиција – вели Маја Наумовска-Савеска

Банкомат-реплика на традиционална охридска куќа е поставен во Охрид, еден од 39. места во светот заштитен од УНЕСКО како природно и културно наследство. Банкоматот во срцето на Охридската чаршија го постави Халкбанк која е препознатлива по своите иновативни интервенции во јавни простори. Традиционалната охридска куќа со својата специфична фасада, чардаци и прозорци е еден од симболите на Охрид.

Според Маја Наумовска-Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг-комуникации во Халкбанк АД Скопје, на овој начин секој корисник на Халкбанк, а и секој посетител на Охридската чаршија ќе има уште една можност одблизу да го почувствува духот на охридската традиција.

– Градската архитектура во Охрид има клучно место во културното наследство на градот и на нашата држава. Старите охридски куќи се надалеку познати и впишани во светската култура и архитектура, а за нив се интересирале голем број архитекти и патописци што престојувале во Охрид. Токму тој момент беше инспирација за нас. Со овој мал гест решивме да оддадеме почит на богатата историја на овој град – вели Наумовска-Савеска

Решението е во соработка на Халкбанк со креативната агенција Меккен од Скопје. Овој тренд ќе продолжи и во различни градови низ Македонија.

Фото: Стојан Стојановски

Сподели