Банкарство за генерацијата Z – oтворање платежна сметка онлајн, без посета на банка

Отворањето сметка на шалтер во банка со долги процедури и многу документи е минато. Халкбанк воведе иновативна, брза и безбедна можност за онлајн отворање платежна сметка и аплицирање за електронско и мобилно банкарство. Оваа опција е особено прилагодена на динамичниот животен стил на младите, кои сега со само неколку клика на мобилниот телефон, може да отворат сметка додека се во својот дом, на кафе со другарите или на кампување на планина.

Со новата опција за отворање сметка од мобилен телефон или лаптоп, се поедноставуваат процедурите се штеди времето на сите нови и постоечки корисници на банката. Сите млади до 24 години, откако ќе ја отворат својата сметка преку мобилен телефон или лаптоп, понатаму имаат можност, преку веб страната на банката да ја пополнат онлајн
формата за апликација за пакетот Halk EZ (Halk Easy) , кој нуди низа поволности прилагодени на специфичните потреби на новата генерација. Сите корисници на овој пакет имаат бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство,
платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay , SmartSend и SmartCash.

Сподели