Во Салонот на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе биде изведена современата балетска претстава „Гранд Хотел“ со гости од Србија. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, режијата на Александар Николиќ, композитор е Ана Крстајиќ, а се игра во рамките на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

– Дали убавината навистина ќе го спаси светот или постојаниот копнеж по неа ќе го уништи поединецот? Постојано го преиспитувам нашиот однос кон животот, кој незапирливо тече – ја опишува Илиќ претставата.

Играат: Мојца Мајцен, Огњен Вучиниќ, Бранко Митровиќ и Јакша Филиповиќ. Костимограф е Александра Каровиќ, а сценограф – Жорж Драушник. Претставата ќе биде одржана во согласност со протоколите за заштита од ковид-19.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.