Во Националната опера и балет викендов ќе биде изведен современиот балет „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Претставата е закажана за 20 и 21 јануари од 20 часот. Кореограф е Александар Илиќ од Србија, костимограф – Катерина Радошевиќ-Галиќ од Хрватска, а сценограф – Филип Коруновски.
Настапуваат: Христина Наќевска (Пепелашка), Мирослав Митрашиновиќ (Принц), Саша Евтимова (Вила Ангел), Цветанка Максимоска (Маќеа), Ендру Кук и Кристијан Јангос (Сестри), Драган Кочоски (Татко) и Гала Кочевска (Мала Пепелашка). Со нив ќе настапат и солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.