Балетот „Госпоѓиците од Авињон“ на Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе гостува на сцената на Центарот за култура во Битола. Музиката е на Калиопи Букле, кореографијата и режијата на Олга Панго, либрето и драматургија на Сашо Димоски. Костимограф е Раде Василев, а за мултимедија и дизајн се погрижи Емил Петров. Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста“.

Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

– Бивајќи загледан во еден свој сон во Пикасовата слика „Госпоѓиците од Авињон“, врз платното слета една мува. Мувата, еднакво љубопитна колку и јас, почна да зуи насекаде по сликата, да прелетува од еден до друг нејзин крај, да ја испитува со кураторска прецизност. За разлика од мене, мувата имаше можност да го допре платното, на нејзината текстура да ги остави своите отпечатоци врз боите и низ формите. Допирајќи ја сликата, мувата одново ја создаваше, зуејќи. Во тој миг од сонот го скицирав текстот „Госпоѓиците од Авињон‘“ – вели либретистот Сашо Димоски.

„ГОСПОЃИЦИТЕ ОД АВИЊОН“: СВЕТСКО, А НАШЕ

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.