Музичка и колоритна бајка му се случи на Градскиот парк синоќа, за време на концертот на Дуке Бојаџиев и пријателите, што се одржа во чест на денешниот Ден на Европа. Беспрекорно звучеа и се претопија во прекрасниот амбиент на Градскиот парк звуците на пијаното, на оркестарот, на уметниците од повеќе земји, па слушнавме и сантур (Бахрамџи), перкусии во интерпретација на Медуса Одисеј, вокалистките Миријам и Иса, како и актерките Наташа Петровиќ и Амернис Нокшиќи, кои интерпретираа стихови од поетот Руми,   20-члениот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија, сето тоа под диригентство на Ана Спасовска.

Слушнавме дела на Бојаџиев кои се веќе препознатливи од саундраците на неколку филмови (До балчак, Војната заврши), но и нови соработки со нови култури, како што е шпанската.

На конертот на Дуке Бојаџиев и пријателите Скопје личеше на метропола. Сведочевме и уживавме во концерт што ќе се памети.

Насловна фотографија: Грација Атанасовска

Фотографии: Europe House Skopje

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.