Бадник на Водно

Бадник на Водно денеска од 11 до 12 часот организира инцијативата „Прв до врв“. Може да учествуваат спортските ентузијасти и љубители на планината, планинари, велосипедисти и рекреативци. Сите задно ќе кршат лепче со париче, а годинашниот кум ќе му го предаде кумството на новоизбраниот.

– Традиционално, со секое лепче даваме гратис учество за „Прв до врв“ на Водно на 19 мај. На еден ќе му се падне паричето, но на сите ќе им се падне ваучер за учество на „Прв до врв“ – вечат организаторите.

Тие апелираат сите заинтересирани да го потврдат присуството преку порака на „Прв до врв“ за да ве планираат во бројот на парчиња во погачата и бројот на ваучери. Настанот нема натпреварувачки карактер.

Фото: Прв до врв

Сподели