Трите лавчиња, лама, кенгури, лемури, берберска овца и камила се приновата во скопската Зоолошка градина поради која таа стана вест во светските медиуми.

– Фотографиите на фоторепортерите Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиевски беа објавени во Гардијан, Ројтерс, Јаху, Си-Eн-Eн, Еј-Би-Си Њуз и во околу 300 медиуми од 40 земји во светот – информираат од Град Скопје.

Пролетва во Зоолошката градина во Скопје се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила. Од Град Скопје информираат дека ќе продолжат со иницијативата да се подобрат условите на живеалиштата на животните.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.