За делото „Интерна медицина”, група автори, членови на Катедрата по Интерна медицина при Медицинскиот факултет во Скопје, а во уредништво на проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ, ја добија наградата „Гоце Делчев” особено значајни остварувања од интерес за Македонија во областа на науката.
Во амфитеатарот во деканатот на Медицинскиот факултет на заедничка средба, авторите, уредниците и рецензентите вчера го одбележаа добивањето на ова високо признание, кое ја потврдува исклучителната вредност која ја има делото за медицинската наука во земјава. На прибирање на податоци, нивна систематизација, обработка и уредување посветено се работеше неколку години за на крај вложениот труд да резултира со дело кое е вреден извор на знаење за студентите по медицина и за младите лекари.

На настанот, на авторите, уредниците и рецензентите им беа врачени примероци од делото и копија од наградата.





