„Пинокио“ во режија на Деан Дамјановски во Битолскиот театар

Народниот театар од Битола ја подготвува претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски, а премиерата ќе биде на 28 февруари (18 часот). Станува збор за незаборавно патување во светот на Пинокио — дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури. Ова е претстава полна со смеа, музика, шарени ликови и важни пораки за пријателството, храброста и вистината.

Ликот на Пинокио го игра Никола Стефанов, а покрај него во претставата се и: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски. Учествуваат и деца од театарската школа „Бабец“: Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана, Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски и Николај Илијевски.

Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимографијата на Андреј Ѓоргиевски.

Сподели