Аудиокнигите „Поправање на грешките“ и „Нови авантури на близнаците“ достапни на платформата „Самоглас“

„Поправање на грешките“ од Аријан Лека и „Нови авантури на близнаците“ од Милутин Ѓуричковиќ се достапни на македонски јазик на мобилната апликација и веб-платформата на „Самоглас“. И двајцата се добитници на многу меѓународни и домашни книжевни признанија, а нивните дела преведени на македонски сега добија и свои аудиоверзии.

Аријан Лека е албански поет, прозаист, есеист, детски писател, преведувач, основач и раководител на поетскиот книжевен фестивал „Поетика“. Милутин Ѓуричковиќ е српски поет, романописец, критичар, доктор по книжевност кој има објавено шеесетина книги за деца и возрасни.

Книгите се објавени со поддршка на Регионалната мрежа за културна разновидност (READ-Regional Network for Cultural Diversity) – проект финансиран од Европската Унија, кој се имплементира од страна на Гете-институт Скопје во соработка со партнерски организации од Србија, Албанија, Турција и Косово.

„Самоглас“ (www.samoglas.mk) е мобилната и веб-апликација за слушање аудиокниги на македонски јазик стана достапна за јавноста во јануари 2020та година. Оттогаш, па до денес се објавени над 70 книги, а платформата ја користат над 9.500 регистрирани корисници.

За сите оние кои сакаат да се во тек со „Самоглас“, можете да ги следите нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм. Мобилната апликација на #Самоглас е достапна на Google Play, App Store и Huawei Gallery. Регистрацијата и слушањето на сите аудиокниги се бесплатни!

 

Сподели