Атанас Наумов е најбрзиот македонски Ironman!

Со време од 9 часа, 47 минути и 15 секунди, маратонецот Атанас Наумов вчера ја заврши трката Challenge Roth во Рот, Германија. Станува збор за Ајронмен-дистанца што се состои од пливање 3.8км, велосипедизам 180км, трчање 42.2км), а оваа баварска трка е една од најпосакуваните за триатлон-заедницата. Ова е најдоброто македонско време, односно македонски рекорд за триатлон на долги патеки.

-Искрено, погорд не можам да бидам на себе – сподели Наумов по завршувањето на трката.

Од Триатлон федерацијата на Македонија му честитаат за големиот успех надевајќи се дека „тој ќе послужи како инспирација за триатлон заедницата“!

Рекордот на триатлон на долги патеки претходно го држеше Александар Здравев со време од 10:09:20, на Ајронмен-трката во Копенхаген во 2022 година.

Атанас Наумов е првиот Македонец што ги има истрчано сите 6 големи маратони во светот – Њујорк, Лондон, Берлин, Чикаго, Токио и Бостон.

Од Триатлон федерацијата на Македонија му честитаат за големиот успех надевајќи се дека „тој ќе послужи како инспирација за триатлон заедницата“!

На Ајронмен-трката победи Данецот Магнус Дитлев, трет пат по ред во три последователни години. Тој постави нов светски рекорд со време од 07:23:24!

Сподели