„Апокалиптика“ во Скопје: Моќна музичко-визуелна метал симфонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Класици на „Металика“ слушнавме синоќа на отворањето на фестивалот „Таксират“ во Арената „Борис Трајковски“, во изведба на легендарните „Апокалиптика“. Финскиот состав настапи со омаж на песни од „Металика“ од различен период. Моќен музичко-визуелен беше концертот на тројцата виолончелисти (Еика, Паво и Перту), овојпат засилени и со тапани. Публиката возбудена, исто и музичарите.

Ова беше нивниот трет концерт во Македонија. И самите признаа дека им било тешко да изберат кои песни од „Металика“ да ги преработат, со оглед на тоа дека имаат многу нова музика.

Концертот беше во организација на „Пасворд продукција“.

Sирнете низ фотогалеријата на Умно.мк, низ објективот на Тоше Огњанов.

Сподели