Антонио успеа! Истрча 600 километри до Острог во чест на децата болни од рак и на својата мајка

Антонио Пандевски успеа во својата мисија. Истрча 600 километри од Скопје до манастирот Острог во чест на децата што се борат со рак и во чест на својата мајка, чија желба било да стигне до црногорскиот манастир. Антонио ја реализира својата мисија во 17 дена со поддршка на фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија, како и од неколку општествено-одговорни компании.

Претпоследниот ден во Даниловград

– Мајко, стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега е мое дело. Секоја солза, секоја болка, секој камен под моите нозе вредеше. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе. И на сите мали срца што се борат за живот. Нека знаат љубовта не запира. И јас нема да застанам – напиша Антонио на својот фејсбук-профил веднаш по пристигнувањето на Острог.

Прочитајте ПОВЕЌЕ за мисијата на Антонио и донирајте за децата на кои им треба помош.

Сподели