Минатото, цивилизациите што минале низ Анадолија и оставиле свој печат, заедно со природата и климатските услови направиле чудо од ова место. Како да изберете хотел токму за вас?
„Од пиле млеко“, израз кој во минатото многу почесто го слушав отколку денес, а отсекогаш ме влечел кон ориентот, кон митското место каде има сè во изобилие, вкусови што ви ги будат сите сетила, гурмански рај, место каде ќе се предадете на хедонизмот. Минатото, цивилизациите што минале низ Анадолија и оставиле свој печат, заедно со природата и климатските услови направиле чудо од ова место. И самата легенда вели дека владетелот пуштил четворица свои луѓе да го најдат рајот на земјата, а едниот од нив успеал. Ја пронашол Анталија.

Анталија / Извор: Википедија
Вистински предизвик е местото што се простира на 440 километри на јужниот дел на Турција и формира голем залив во Средоземното Море. Провинцијата Анталија е составена од пет региони: Кемер, Кунду, Белек, Сиде и Алања (Аланија) каде денес има 2.500 хотели. И сите нудат „од пиле млеко“. Туристичката агенција Fibula Travel Macedonia во соработка Turkish Airlines презентираат дел од хотелите каде може да почувствувате дел од рајот.
Една третина од вкупниот број туристи што годишно ја посетуваат Турција доаѓаат во Анталија. Сезоната почнува на почетокот на мај и трае до почетокот на октомври, но сите хотели работат напролет и наесен со 40-50 отсто од капацитет за љубители на културно-исориската програма. Зиме, пак, ресортите ги корисат спортистите за подготовки. Сево ова е дел од концептот за масовен туризам во Анталија.

– Луѓето тука првенствено се занимаваат со туризам, но и со земјоделство. Одгледуваат 125 вида овошје и зеленчук. Пластениците се забележуваат особено кога слетувате на аеродромот во Анталија. Илјадници хектари се под пластеници. Има плантажи на портокали, банани, авокадо, манго… Хотелите од нив набавуваат сè што користат во кујната, нема потреба од увоз, ниту од извоз – објаснува Харис Халиловиќ, долгогодишен туристички водич на „Фибула“ кој повеќе од 15 години живее во Турција.
Храната – посебна приказна
Веројатно најголемиот предизвик е да го одберете вистинскиот хотел каде ќе го поминете одморот. Понудата е огромна, разноврсна и високите стандарди се секаде запазени. До Анталија ссе стигнува со чартер лет на Turkish Airlines кој трае околу два и пол часа. Од аеродромот во Анталија автобуси на Fibula Travel Macedonia ве пренесуваат до одбраниот хотел.

Во сите хотели има бесплатнен безжичен интернет, храната е во рамките на аранжманот (принципот ол инклузив), ги користите базените, сауните на хотелот, додека масажите дополнително се наплаќаат. Ресортите наликуваат на мали гратчиња каде имате сè што ви е потребно – мини забавни паркови на вода, продавници, дискотеки, а секој хотел нуди еден куп забавни програми за гостите за сите возрасти. За подинамичните туристи што не сакаат целиот ден да го поминат во хотелот има еднодневни тури до околните антички градови, аквариуми, огромниот забавен парк Земја на легендите (Land of Legends).
Храната во хотелите е посебна приказна. Всушниост, најголемиот дел од кујната е пред самите гости, кои поминуваат и избираат според својот вкус. Свежо овошје и зеленчук, сосови и преливи, чорби, полнети тиквички, турлитава, сарми од лозов лист, месо подготвено на различни начини, различни видови риби и морски плодови, секакви видови сирење…

Тестенини, пици, традиционалните турски пити (пиде), секакви видови леб и банички. Турција е рај за љубителите на слатки – баклави, колачиња со шербет, печени тикви со ф’стаци и ореви, пенести десетри во секакви форми и бои, пудинзи, сутлијаш… Во секој хотел се служат бесплатни пијалоци, сокови, кафе, чаеви, а во најголем голем дел од нив и поспецифичните алкохолни пијалоци. Познато е турското гостопримство. Нема место каде ќе се почувствате непријатно и недобредојдени. На влезот во секој хотел ве пречекува дел од персоналот со коктели или шампањ, локуми, чоколадирани свежи јагоди, макаронс и други колачиња.
Најголемата разлика од еден до друг хотел е местоположбата. Така во Кемер поради зеленилото температурата е за неколку степени пониска од останатите региони. За љубителите на природата и на поинтимни хотели идеален е Gypsofila Club Marine. Хотелот е од разбиен тип – повеќе мали објекти со приземје и кат се меѓусебно поврзани.

Gypsofila Club Marine
Повеќе кривулести патеки низ зеленилото водат кон плажата каде се наоѓаат рестораните, базените, сауната и местата за релаксација. Сите објекти се издрадени во сооднос со природата, па среде скали ќе видите големи израснати дрвја.
– Нам ни многу важни гостите од Македонија. Сакаме да дојдат кај нас и да ја почувствуваат оваа убавина – вели менаџерот на хотелот.
Кемер, регион со многу зеленило
Во овој дел се наоѓа и хотелот Akka Antedon, исто така сместен во многу зеленило. Фоајето е уредено во едноставен стил со елементи на отоманската култура. Комплексот е составен од неколку големи објекти. Поради приватност, семејствата со деца се во посебна единица. Хотелот има седум екслузивни вили со посебен ресторан, и во нив може да се сместат повеќе луѓе. ВИП личностите плаќаат поскапо, но добиваат посебен третман – бесплатен транспорт до аеродром, посебен влез на плажа, домашна послуга. Во зеленилото покрај базените има пријатна музика и атмосферата е навистина релаксирачка. Целиот комплекс е на површина од 90.000 квадратни метри. Келнери на ролерки послужуваат гости покрај базените.

Akka Antedon
– Имаме гости од Полска, од балтичките земји, Босна и Херцеговина, Србија, од сите балкански земји. Служиме од сите видови странски алкохолни пијалоци. Температурата на водата во надворешните базени е 99 отсто чиста – ракажува менаџерто на хотелот.
Во Турција има седум хотели Akka Antedon – четири во Анталија и три во Истанбул.
Mirage Park Resorts е уште еден хотел во Кемер што се простира на 93.000 квадратни метри. Сместувачките капацитети се во еден голем објект. Преку огромна површина со трева, палми и зеленило се стига до плажата, која е отворена за туристи уште од 15 април.

Mirage Park Resorts
На половина пат од Кемер до Анталија се наоѓа месноста Белдиби. Тука се наоѓа хотелот Trendy Lara. И тој е од типот со една главна единица, со големо фоаје и внатрешни лифтови. Има и посебни вили со многу зеленило и цвеќе. Интересно за овој хотел е што до плажа одите со катамарани. Ги има постојано, а тргаат дури и за еден гостин. Ова мини-патување е особено интересно за децата. Храната во овој хотел е одлична.

Trendy Lara
Колку чини партија голф дневно?
Околу малото гратче Лара во областа Кунду се наоѓаат т.н. тематски хотели. Еден од нив е Asteria Kremlin Palace – копија на Кремљ во Москва.
– Ова е единствениот хотел од овој тип во Турција. Имаме многу гости од цела Европа. Сè што гледате е копија на Кремљ, познатите објекти се изградени со ист број цигли како оригиналите. Поради актуелната состојба, годинава за жал немаме гости од Русија и од Украина. Комплексот работи во текот на целата година – вели менаџерката на хотелот.

Asteria Kremlin Palace
Во Лара се наоѓа уште еден монументален хотел – Delphin Imperial. Хотелот има 729 соби, јуниор апартмани, комплетна опрема за семејства со бебиња. Ова е фамилијарен хотел.
– Хотелот е поделен на две целини – едната е за семејства со деца, другата за гости без деца. Има девет ресторани, сè е бесплатно само треба еден ден однапред да се резервира. Внатрешниот базен е загреан, има спа, сауна, амам, мал трговски центар, фитнес клуб. Во текот на целиот ден има пица сервис, вафли, сладолед, овошје, сокови. На плажата има газебо што се плаќа дополнително – 100 евра од ден. Имаме терени за тенис и одлична песочна плажа – објаснува вработена во хотелот.

Delphin Imperial
Сите големи хотели во Анталија се со пет ѕвезди. Таков е и Delphin Be Grand. Државата многу му помага на хотелиерскиот бизнис преку даночни олеснувања и бесплатно земјиште кое приватните инвеститори може да го користат 99 години. На патот од Анталија кон Аланија се наоѓа Белек. Во овој дел се најскапите и најлуксузни хотели во Анталија. Ресортите се одлично уредени, а најголем дел од нив имаат и терени за голф. Така покрај патот ќе видите драстична разлика – од една страна скапи терени за голф, а од другата пластеници каде земјоделците произведуваат храна претежно за хотелите. Една партија голф со 18 дупки дневно чини 900 евра, сосе изнајмување опрема.
Хотелот Megasaray Club во Белек е стар 30 години. Хотелот има Академија за тенис и располага со вкупно 49 тениски терени и свои пластеници каде одгледуваат сè што се наоѓа на менито.
– Имаме светски турнири, доаѓаат познати тенисери. Имаме и две професионални фудбалски игралишта. Дури 80 отсто од гостите се постојани, најмногу се од Германија. Имаме песочна плажа долга 400 метри. Ова е фамилијарен хотел, имаме мини клубови, топли базени и специјализирани ресторани за деца – вели менџерката на хотелот.

Megasaray Club
Овој хотел располага со површина од 121.000 квадратни метри, а половина од просторот е зелена површина. Може да прими 1.184 гости истовремено, но сместувачките капацитети се прошируваат.
– Од Балканот најмногу гости имаме од Босна и Херцеговина, но доаѓаат најмногу преку зима. Во високата сезона (јуни-септември) цените се многу повисоки, за разлика од останиот период од годината – објаснува менаџерката.
Најскапите хотели се во Белек
Во овој дел од Белек има пластеници со зеленило за дизајнирање дворови. Цели фудбалски игралишта се користат за одгледување трева, па ако некому треба тревник за градината, нарачуваат и им стига дома.
– Тука многу расте рогач. Многу млади брачни парови што планираат семејство го варат и пијат наутро, на празен стомак. Интересно за рогачот е што секое зрно е идентично и тежи 0,2 грама. Секаде во светот. Овде лете е пеколно жешко. Од планинскиот масив извираат три реки, чија вода се акумулира и се користи кога е најтопло. Затоа има зеленило – раскажува Халиловиќ.

Kaya Palazzo
Kaya Palazzo Golf Resort е еден од поубавите хотели во Белек. Центарлниот дел од фоајето е уреден со живи орхидеи. Изграден е како компактна целина на 120.000 квадратни метри и секој дена има професионално шоу. Има терен за голф со 18 дупки, терени за тенис и фубал.
– Располага и со поединечни вили од 179 квадрати со три спални, посебен базен. Ова е еден од поскапите хотели, но и во Македонија има интерес за него – велат од Фибула.

Regnum Carya
Заедно со Regnum Carya и Selectum Luxury Resort ова се трите се најлуксузните хотели во овој дел од Анталија.
– Regnum Carya е отворен во 2014 година. Преклани тука се одржа Г20 и многу сме горди на тоа, беа претседатели од цел свет. Имаме соби од 124 квадратни метри, сите опремени со козметика „Булгари“. Имаме најсовремен финтес центар, 10 ресторани, четири типа на вили и сопствен голф терен – објаснува менаџерката.

Selectum Luxury Resort
Бидејќи комплексот е огромен, мали автобуси ги разнесуваат гостите од едно место до друго.
Granada Luxury Belek е огромен комплекс и располага со 995 соби. Претежно доаѓаат гости од Германија, Полска, но има и од Бугарија и од Македонија.
– Имаме и аквапарк, барови за гости над 18 години, базени, сакаме гостите да се чувствуваат убаво. Сепак, многу ни се важни фамилијарните гости – вели менаџерот.

Granada Luxury Belek
Како посебен куриозитет го нагласуваат делот „Малдиви“ – повеќе апартмани изградени во огромен базен, со стаклени подови инспирирани од вистинските Малдиви.
Cornelia Diamond Golf Resort & Spa е отворен во 2008 година. Има површина од 200.000 квадратни метри, голф терен и 611 соби. Тука доаѓаат голфери од Велика Британија и од европските земји.
– Голф сезоната трае цела година, но најмногу од март до мај. Имаме спа од 5.000 квадрати на два ката, со сертификат дека е најдобрата во Европа – раскажува менаџерот.

Cornelia Diamond
Посебно доживување се малите базени во темна затворена просторија налик на стаклена градина. Се симнувате по камени скали низ кои тече вода.
Што да изберете, нема да згрешите
Calista Luxury Resort е најреномираниот хотел во Белек. Составен е од повеќе блокови, има 15 вили и една ексклузивна ВИП вила. Во комплексот пролетва вежбаше норвешката тениска репрезентација под 19 години.

Calista Luxury Resort
– Имаме 5 терени за тенис од кои 1 е професионален. Ние сме прв грин стар хотел во Турција на што сме особено горди. Работиме 12 месеци, зиме има конфренции, бизнис средби, доаѓаат фудбалски екипи. Два дена во неделата имаме џез-свирки. Иако сиве овие гости ни се важни, многу внимание посветуваме и на семејниот туризам. Од останатите хотели се разлукуваме по стандардите за безбедност на гостите – раскажува менаџерот.
Регионот Сиде има многу хотели. Во овој дел има огромни плантажи со портокали. Ако се на дрво значи се трета класа и се чуваат за фабриките за сокови. Side Royal Palace и Side Royal Style се два хотела каде често доаѓаат гости од Македонија. Во овој дел лани беснееја големи пожари. Менаџерот објаснува:

Side Royal Style
– Пожарите почнаа од другата страна и немаше опасност за хотелот. Но, имаше пепел од сите страни, па имавме дополнителна работа со чистењето. Не ни се одрази на рабитата, лани имавме добра сезона. Сега се пошумува изгорениот дел. Сепак, пожарите имаа влијанија врз климатските промени. Зимава паѓаше снег, што е невообишаено за овој дел од Турција – раскажува тој.
Тerrace Beach Resort e составен од два дела, едниот изграден во 1990, а другиот десетина години подоцна. Има многу фамилијарни соби, ресторани, мини-бар. Во овој хотел нема алкохол, но се служи пиво и вино. Постојано ги анимираат гостите, плажата е прекрасна, со ситен песок, морето е одлично. На плажата келнери служат шампањ и чоколадирани јагоди, а музичар свири на саксофон. Тука ручек се служи и на плажа, па гостите не мора да се враќаат во хотелот. Во фоајето има македонско знаме.

– Ќе ни биде чест одморот да го поминете кај нас – вели генералниот менаџер на хотелот.
Kirman Calyptus Resort & Spa е нов хотел отворен лани. Има 420 соби, главен ресторан, продавници, спа, топол базен, фитнес центар. Преку тунел се стига до плажата. Во овој дел е и Kirman Sidemarin Beach & Spa, уште еден хотел во Сиде кој нуди дел од магијата на Турција.

Kirman Sidemarin
Ова е само еден мал дел од огромната туристичка понуда на Анталија. Сите дилеми ќе ви ги разјаснат љубезните вработени во Fibula Travel Macedonia. Веројатно што и да изберете, нема да згрешите. За крај, слободно потпрете се на зборовите на водичот Халиловиќ кој вели:
– Турчин ќе направи сè за гостинот да биде задоволен.






