Анонимна донација од дополнителни 1.000 книги пристигна во Свети Николе кај Иле Михајловски, одделенски наставник во основното училиште „Кирил и Методиј“. Поголем дел од вкупно 2.000 книги се дистрибуирани во подрачните училишта во селата: Мустафино, Кадрифаково, Амзабегово, Пеширево, Ерџелија, Црнилиште, Долно Ѓуѓанце и Горобинци.

Нема поголем завет кој на учениците можеш да им го оставиш во наследство – да го чуваат, негуваат и говорат мајчиниот јазик и да им ја втемелуваш искрената љубов кон читањето. Приоритет дадов на подрачните училишта во руралните средини и за учениците кои учат во тие училишта. Она што ќе остане од книгите ќе биде распределено и во градските училишта во општината. Верувам дека градењето нови генерации кои ќе го чуваат и негуваат мајчиниот јазик е основата на секоја нова генерација – чување и негување на сопствените корени, идентитет и постоење. Од срце, големо благодарам до донаторот кој ми даде задача да ја водам и оваа мисија – вели Михајовски.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.