Илјада книги како анонимна донација стигнале кај Иле Михајловски од Свети Николе, наставник во основото училиште „Кирил и Методиј“. Михајловски со години спроведува хуманитарни и донаторски акции за помош на деца од семејства со социјален ризик во Свети Николе и регионот.

– Секоја добрина е доказ за човечност, емпатија, солидарност, алтруизам, а најмногу ме радуваат оние кои се наменети за децата! А овој чин на добрина ќе патува до сите подрачни училишта каде ќе ги збогатиме скромните библиотеки во селата Ѓуѓанци, Пеширово, Мустафино, Црнилиште, Кадрифаково… И додека како дете се радувам на донацијата, двојно повеќе ме радува фактот дека има луѓе кои мислат на децата – вели Михајловски.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.