Сексуалното вознемирување во образованието, посебно во високото, е тема за која повеќе се молчи, отколку што се зборува. Само одвреме навреме ќе излезе понекој случај во јавноста, ќе се говори краток период за тоа како имало сексуално вознемирување, непристојни предлози до студент(к)и во замена за оценка, но најчесто поголемиот број од вакви случаи остануваат во доменот на озборувања и ширење низ разговори помеѓу студентите, без системско решавање, како од аспект на пријави до надлежните институции и доаѓање до одговорност, така и од аспект на создавање на систем преку кој полесно ќе се препознаваат и пријавуваат формите на сексуално вознемирување.

Сметајќи дека ова е тема од посебен интерес и дека сексуалното вознемирување во ниту една форма не смее да се занемари, goce.mk со цел да добие повеќе сознанија и информации за реалната состојба со сексуалното вознемирување во високото образование реализира анонимна онлајн-анкета, на која сите личности кои доживеале или знаат за такви случаи ќе можат да го кажат своето искуство.

Анкетата е потполно анонимна, а добиените податоци ќе бидат анализирани и искористени за реализација на прилози и дебатна емисија во која со експерти од областа ќе се обидеме да дефинираме мерки и чекори за подобрување на состојбата со појава на сексуално вознемирување во високото образование.

Анкетата може да ја пополните на следниот ЛИНК.

Фотографија: Pixabay

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.