Ангела Несторовска од „Сектор филм“ во друштво на врвни 20 европски продуценти на Кан

Продуцентката Ангела Несторовска од „Сектор филм“ ќе учествува на 25. издание на програмата “Producers on the move”, што се одржува во рамките на Филмскиот фестивал во Кан (14 – 25 мај 2024 година), а го организира престижната платформа за промоција и вмрежување на European Film Promotion. 20 од најперспективните европски продуценти се избрани да учествуваат во престижната платформа, која оваа година слави бројни соработики со повеќе од 500 учесници од 37 европски земји, информираат од Агенцијата за филм.

Ангела Несторовска e дел од „Сектор филм“ од 2005 година и има продуцирано филмови како „Почва“ на Алекс Цветков, „Насоки“ на Стефан Командарев кој е селектиран на  „Извесен поглед“ во 2017 во Кан, копродуцент е на „Via Carpatia“, кој се натпреваруваше во Карлови Вари во 2018, неодамна беше копродуцент на дебитантскиот долгометражен филм на Асимина Предру -„Зад стоговите сено“, а моментално е во постпродукциска фаза на „Момчето со светло сини очи“ на Танасис Неофотистос.

Во моментов, Несторовска работи на претпродукција на „Потстанар“ во режија на Марко Ѓоковиќ, а во развој е на „Мечка за другарот Ким“ на Ангел Апостолски.

Сподели