Српскиот актер Андрија Милошевиќ ќе гостува во Скопје со урнебесната комедија „Одам по пат и гушкам дрво“ („Идем путем па загрлим дрво“) на 3 февруари со две изведби од 19 и од 21 часот во Националната опера и балет. Милошевиќ ќе настапи по текст на Миодраг Караџиќ, во режија на Јана Маричиќ.
Претставата премиерно беше изведена во 2019 година. Андрија Милошевиќ е главниот лик во урнебесно комичната приказна за еден син и неговата мајка која е во потрага по вистинската жена за него. Кандидатките се менуваат, а тој и неговата мајка имаат неверојатни искуства. Меѓутоа, кога „вистинската“ ќе затропа на вратата, нашиот херој ќе ја спознае моќта на судбината.





