Претставата „Ана Каренина“ во режија на Дејан Пројковски, а продукција на Новосадско позориште освои дури четири награди на 6. фестивал „Позоришно пролеќе“, што се одржа во Шабац, Србија.
„Ана Каренина“ е прогласена за најдобра претстава, освои награди за главна машка (Арпад Месарош) и женска улога (Тимеа Филеп), како и за најдобра режија за Дејан Пројковски. Во конкуренција за наградите беа шест претстави.
Претставата на Пројковски веќе има освоено повеќе награди во Србија, како што се во Младеновац и во Војводина.