Александар Прокопиев гостува на Саем на книга во Риека

Македонскиот автор Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, што од 1-24 септември се одржува во Риека, Хрватска. Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12-19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде на посебни вечери ќе бидат претставени регионалните автори Семезездрин Мехмединовиќ, Огњен Спахиќ, Драган Великиќ и други, а меѓу нив нашиот Прокопиев.

Инаку, ова е второ учество на Прокопиев на меѓународниот фестивал „Врисак“. Рецепцијата на неговите преведени книги и текстови во Хрватска, особено во последната деценија, е сè поголема и станува исклучително квалитетна, велат од „Авант прес“.

Насловна фотографија: Интернационален фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ Скопје

 

Сподели