„Алегории“ од Игор Поп Трајков на Скопско лето

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални слики „Алегории“ од Игор Поп Трајков. Тој ќе се претставува палета од новите дигитални изразни средства, во комбинација во вештачката интелигенција и класичните сликарски техники. Во изложбата, авторот претставува и композиции кои се комбинации на дидактика, оние од релацијата историја и уметност, антропологија и политика, или би можеле да се подведат во неколку различни, флуктуирачки групи.

„Етимологијата на зборот алегорија потекнува од старогрчкиот збор agoreuein и како таква приопштува алудирање кон јавно искажаното мислење, но во себе го содржи и значењето на нешто друго, значи алудира на скриено значење. Низ историјата алегоријата како термин најчесто се користела со дидактичка конотација, искажување на извесна поука или мудрост, која мудрост најчесто се состоела во простиот факт дека не е мудро да се изкаже мислењето директно, туку заобиколно. Историски гледано алегориите се користеле за дипломатија како начини на групи или индивидуи да си го зачуваат својот интерес задржувајќи мирољубиви односи“, вели авторот

Изложбата се отвора во рамките на манифестацијата Скопско лето.

Сподели