Националната галерија ги повикува колекционерите и поединци што поседуваат дела на великанот Димитар Кондовски да соработуваат во подготовката на ретроспективната изложба. Оваа практика НГСРМ ја воведе со јубилејната изложба на Петар Мазев, а идејата е да се вклучат публиката, колекционерите и љубителите на творештво на најзначајните македонски автори.

Сите колекционери што поседуваат дело на Кондовски, може да се обратат на следниот мејл: [email protected] и на [email protected], со назнака на мејлот „Dela od Kondovski“, со што би придонеле кон збогатувањето на информациите поврзани со неговото творештво.

Повикот ќе биде отворен до 31 август.

Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ од Скопје, во октомври минатата година ја организираше првата ретроспективна изложба на Кондовски на неговите илустрации. Изложбата беше неколку пати продолжувана во „Мала станица“, поради големиот интерес.

Фотографии: Радован Вујовиќ

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.