Агенцијата за филм распиша конкурс за финансирање проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм. Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа за:
– Долгометражен игран и анимиран филм чија должина на времетраење на филмот е над 70 минути
– Долгометражен документарен филм чија должина на времетраење на филмот е над 60 минути
– Краткометражни филмови (игран, документарен и анимиран) чија должина на времетраење е до 30 минути
Филмот во зависност од креативното и финансиското учеството на Македонија може да биде:
– филм кој во 80% е финансиран со средства од Македонија или филм произведен од еден или повеќе филмски продуценти од земјава, со најмалку еден автор од Макединија и со претежен дел на филмски работници од кај нас,
– копродукциски филм со малцински финансиски удел на Македонија во кој учеството на нашата земја не може да биде повеќе од 50%, но не помалку од 5% во вкупните трошоци за производство на филмот и филм произведен во соработка со странски филмски продуценти во согласност со Конвенцијата на Советот на Европа за кинематографска копродукција (ревидирана).
Повеќе за условите прочитајте на следниот линк.
Фото: Pixabay





