Романописецот Абдулразак Гурна од Танзанија ја доби Нобеловата награда за литература, соопшти вчера Шведската академија. Гурна, професор на Универзитетот „Кент“ во Кантербери до неговото пензионирање, е награден за неговото „бескомпромисно и сочувствително наглегување во ефектите од колонијализмот“, соопшти Академијата.

– Изненаден сум и понизен што сум добитник на годинашната Нобелова награда за литература. Прекрасно е, ова е толку голема награда, што ја имаат добиено толку многу одлични пистаели – рече Гурна.

Наградата што ја доделува Шведската академија вреди 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари). Гурна (73) е автор на 10 романи. Роден е во 1948 година. За романот „Рај“ во 1994 година бил во потесниот круг на потенцијални добитници на наградата „Букер“. Приказната е малото момче Јусуф, чиј татко го продава на трговец за да покрие стари долгови. Додека го носат Јусуф во разни делови на Африка, пишувањето на Гурна се пренесува на претходните западни влијанија на континентот.

Насловна фотографија: Youtube

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.