8.000 учесници возеа за здрави животни навики

Повеќе од 8.000 луѓе од сите возрасти завчера возеа низ празните улици во Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка – АД Скопје го организира по осми пат. Традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.

Почетокот на трката беше кај „Порта Македонија“. Возејќи симболично низ центарот на градот, со маичките обезбедени од организаторот, учесниците во долга колона стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава што ја водеа шармантните водители Марко Марк, Дени Џидрова и Александар Матовски – Цако. Следеше богата музичка програма со ОХО и омилените јунаци од „Пет+ фамилија“ и диџеј Иван и повеќе спортски и забавни содржини. Посетителите уживаа и во уметничко катче на графити уметникот Dreadpen кој во соработка со посетителите изработуваше креативно платно кое Банката ќе го постави во своите работни простории.

Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници на „Вози право, вози здраво“ доби ваучер од 12.000 денари што го обезбеди Град Скопје, а беа доделени и 80 вредни подароци – велосипеди за деца и за возрасни, заштитни кациги, тротинети, паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, слушалки и термоси и повеќе од 200 утешни подароци: шишиња за вода, торби за велосипеди и маички.

Банката ќе донира СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз. Во изминатите години беа донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје. Активностите за поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики траат преку целата година.

Сподели