8. Семинар „Математика и примени“, добредојдени се сите

Осмиот семинар „Математика и примени“ ќе се одржи на 14 март 2025 година, на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти Институтот. Семинарот се одржува веќе неколку години, а целта е промовирање на математичките науки меѓу младите, преглед на досегашните достигнувања во математичките науки и нејзините примени, разгледување насоки и можности за идни истражувања.

– Предавањата на Осмиот семинар ќе бидат од научно-популарна природа во рамките на теориската и применетата математика. Семинарот е отворен за јавноста, потребно е само да ја пополните формата за онлајн регистрација – велат координаторките, професорките д-р Ирена Стојковска и д-р Весна Целакоска-Јорданова.

Краен рок за поднесување наслов и апстракт од предавањето, е 7 март, до 10 март треба задолжително да се регистрирате онлајн, а 30 јуни е краен рок за поднесување трудови од одржаните предавања за објавување во електронското и печатеното издание од едицијата Математички омнибус и на математичкиот портал на Институтот за математика – ПОИМ.

Повеќе информации на линкот.

Сподели