7. издание на „Андерфест“ во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи 7. издание на алтернативниот рок фестивал „Андерфест“. Публиката ќе може да ги чуе и види Lost in Reverie, Аудиоцигла, Димиш, Занаду, Деменси, Големата вода и Новиот почеток.

– Сите бендови носат свеж звук, различни емоции и препознатлив сценски настап. Ветуваме динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена. За многумина, „Андерфест“ е повеќе од фестивал – тоа е традиција, движење и заедница што ја поттикнува домашната рок култура – велат од „Андрфест“.

Билетите се пуштени во продажба преку drugastrana.mk.

Сподели