53 филма се натпреваруваат за „Срце на Сараево“, Македонија со скромно учество

Јубилејното 30. издание на најзначајниот регионален филмски фестивал во Сараево беше отворено синоќа со премиерата на новиот филм на Данис Тановиќ, комичната драма „После летото“. Станува збор за филмска приказна за млада жена што заминува на далечен остров за да го реши прашањето на семејното наследство. Низ непредвидени ситуации, Маја конечно ќе се соочи со прашањата од своето минато. Потрагата за наследството станува потрага за сопствениот идентитет, но и прошка. До 23 август ќе бидат прикажани 247 филма и ТВ серии од 70 земји на 20 фестивалски програми. Во конкуренција за наградите „Срце на Сараево“.

На отворањето на фестивалот синоќа во Народното позориште на Сараево, му беше врачена наградата „Почесно срце на Сараево“ на палестинскиот режисер Елија Сулејман.

– Оваа јубилејна година одбележува три децении на нашата посветеност во прикажувањето на најквалитетните филмови пред публиката, а служиме и како клучна платформа за развој на регионалната кинематографија. Светот околу нас, за жал, не е подобар, во однос на времето кога го создававме фестивалот, но нашето искуство во изминатите 30 години покажува дека рефлексијата на најтешките времиња преку дијалог и уметност, не е само важна, но и неопходна ако сакаме да преовлада мирот, вели Јован Марјановиќ, директор на фестивалот.

На 19 август премиера ќе има македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец, на програмата Open Air. Ова е единствен мнозинско македонски филм што ќе има проекција на престижниот фестивал. Со оглед тоа дека во последните две години филмската индустрија кај нас трпи пораз поради многу закочени проекти и немање пари на Агенцијата за филм, и ова е успех.

Македонија ќе има премиери и на два копродукциски филма – „На се ќе дојде крајот“ на Рајко Грлиќ и документарниот филм „Последниот каубој“ нa Тадеј Чатер.

Батухан Ибрахими

Меѓу 60-те таленти што се селектирани, ќе бидат и режисерот Батухан Ибрахими и кинематограферот Стефан Ѓоргиевски. Продуцентот Александар Арсовски ќе учествува во програмата CineLink Producers Lab. Оваа програма е посветена на продуценти со не многу големо искуство, од 2 до 5 години.

19 филма ќе имаат светска, 9 меѓународна, 3 европска, 23 регионални и 3 премиери во БиX.

Срцето на Сараево стана навистина вредна филмска награда им дава посилен глас на луѓето од овој регион и ги приближува до светската јавност, веруваме дека така ќе биде и овој пат, вели директорот на фестивалот, Јован Марјановиќ.

Фотографии: Сараевски филмски фестивал

Сподели