19. „Зимски салон“ што го организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ќе биде отворен утревечер во 20 часот во Чифте амам во Скопје. Селектор на годинешната изложба е романската професорка Анка Боериу од Националниот универзитет за уметности во Букурешт, а темата е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“.
На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. Кураторката и селекторка на изложбата покани и петмина автори гости од Романија: Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа Деметреску и Река Цсапо Дуп.
Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари.