Огромен успех постигна македонската репрезентација на 26. Јуниорска балканска математичка олимпијада, што до утре се одржува во Сараево. Со четири медали, од кои по еден златен и сребрен и два бронзени ќе се вратат младите математичари.
Дамјан Давков, деветтоодделенецот од ОУ „Ванчо Прке“ од Штип ги освои сите можни поени и го освои златниот медал. Леонид Тодороски, ученик во IX одделение при ООУ „Григор Прличев“-Охрид освои сребрен медал, а со бронзен медал се закитија Димитар Фидановски (I година при ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје) и Марко Митевски (IX одделение во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, Скопје)
На ЈБМО 2022 успешно учествуваа и Марко Серафимовски и Нина Ламева.
Тимот го предводеа Делчо Лешковски, како водач и Анастасија Трајанова, како заменик водач. Од 19 земји-учеснички, тимот на Македонија заврши на 9-то место со 112 поени. Прво место е тимот на Романија (224), второ – на Србија (174) и трето – Турција (166). Учествуваа и земји кои не припаѓаат на Балканот, како Франција, Саудиска Арабија, Азерберјџан и др.