2 сребра, 2 бронзи и 2 пофалници за Македонија на Балканската математичка олимпијада

Два сребрени, два бронзени медала и две пофалници освоија македонските средношколци на 41. Балканска математичка олимпијада што се одржа во Варна, Бугарија. Сребрен медал освоија Дамјан Давков и Леонид Тодороски, со бронзен медал се закитија Алексиј Тасиќ и Јан Стојановски, а пофалници добија Никола Цветаноски и Емилија Николовска.

На годинашното издание на престижниот меѓународен собир на млади математички умови учествуваа вкупно 138 натпреварувачи, од 22 држави од три континенти. Учеството на македонската репрезентација го организираше Сојузот на математичари на Македонија.

Фото: СММ

Сподели