280 деца и младинци, од најмали до цутот во младоста, предводени од вредните кореографи на Едукативниот центар „Еурека“ од Скопје, синоќа создадоа уште една магија, уште една, шеста по ред инклузивна танцова претстава под насловот „Сонот на едно дете“. Предводени од неуморлива Катерина Јолакоска и кореографите со кои таа повеќе години соработува, танчерите со и без попреченост грмеа на сцена. Сите во една мисија – да го слават заедништвото, љубовта, соништата.

Под фонот на „Во светот на бајките“ на Славе Димитров, публиката која го наполни и последното столче, уживаше во кореографиите на најпопуларните „Дизни“ -композиции.

Вредните танчери ги посетија претстедателката Гордана Давкова-Сиљановска и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Поради големиот интерес, претставата веќе има пет термини целосно распродадени.
Претставата беше подготвена во чест на 3 Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост.








