25 медали за Dancers United на Светското првенство во латино танци во Варшава!

Со 25 медали се вратија танчерите на Dancers United од Скопје од Светското првенство во латино танци што се одржа во Варшава, Полска од 27 до 29 април. Дури седум златни медали освоија учесниците во повеќе категории – од најмалите – мини кидс до младинци и возрасни. Десет сребрени медали и осум бронзени ги впиша ова студио кое повеќе од 10 години го развива танцот на повисоко ниво во земјава.

Нашите танчери се претставија во најдобро светло. Со вкупно 32 танчери, секој од нив успеа да освои светска титула во барем една категорија, што е извонреден успех за нашата држава и потврда за квалитетот и посветеноста што ги поседуваме, вели Сара Кочан од Dancers United.

– Овие резултати не само што го потврдуваат нашиот успех во латино танците на светско ниво, туку и ја поттикнуваат нашата стратегија за поддршка и развој на танчерските таленти. Со помош на Министерството за култура и приватни компании од државата, како и од сопствени средства на клубот, финансиравме 33 лица од вкупно 50 претставници во целата репрезентација. Како претседател, тренер и ментор во Dancers United, чувствувам исклучителна среќа и гордост за овие достигнувања. Македонија продолжува да биде силен конкурент на меѓународната сцена, што ја засилува нашата посветеност кон танцот и понатамошното вложување во идните поколенија танчери. Нашата мисија да ги претставуваме боите на нашата земја со достоинство и страст продолжува неуморно и понатаму – вели Сара Кочан.

Ова се наградените:

Златен медал

-Passion and Youth – Група Синхро Танц Латино – Младинци и Возрасни
-Vintage Chic – Група Латин Шоу – Јуниори
– Bringing the disco Back – Група латин шоу – мини кидс
-The DS Crew Carribean – Инклузивна мала група
-Over the Rainbow – The DS Crew – Инклузивна голема група
– Willy Wonka , Су Али – Соло латин шоу мини кидс
– Coco Chanel , Нина Спасовска – Соло латин шоу јуниори 1

Сребрен медал

– Suit & Slay – Група латин шоу – Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Самба – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Џајв – Парови Младинци & Возрасни
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Румба – Парови Младинци & Возрасни
-Су Али – Џајв – Соло Мини кидс
-Су Али – Ча ча ча – Соло Мини кидс
-Су Али – Самба – Соло Мини кидс
– ABBA – Ангела Николиќ & Михаела Филипова -Латин шоу дуо – Младинци & Возрасни
– The White Rabbit – Луна Дариа Кочан – Соло латин шоу мини кидс
– Emiy in Paris – Емили Нера Кочан Соло латин шоу деца 1

Бронзен медал

– Ангела Николиќ – Пасо Добле – Соло јуиори 1
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Ча ча ча – Парови Младинци & Возрасни
– Луна Дариа Кочан – Џајв – Соло Мини кидс
– Луна Дариа Кочан – Самба – Соло Мини кидс
– Анастасија Бановиќ и Никола Дамовски – Пасо добле – Парови Младинци & Возрасни
– Јоана Поп Арсовска – Румба – Соло мини кидс
– Rapunzel – Јоана Поп Арсовска – Соло латин шоу мини кидс
– Athena and Medusa – Нина Андоновска & Тима Муминовиќ , Дуо латин шоу јуниори

Сподели