24 април и 8 мај неработни денови, нема да се одработуваат

24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови, одлучи Владата вчера на 16. седница. Овие денови ќе бидат неработни за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и за пратеници во Собранието.

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, стои во соопштението од Владата.

Сподели