23 фестивали добија поддршка од Агенцијата за филм

Браќа Манаки“, „Синедејс“, „Македокс“, „Скопје синема сити“ се дел од фестивалите кои годинава ќе бидат финансирани од државниот буџет, соопшти Агенцијата за филм. На конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност пристигнале 35 апликации, а биле избрани 23 фестивали, односно манифестации што ќе бидат поддржани од Агенцијата за филм.

– Драго ми е што полека се враќаме на стариот начин на организирање на најголемите настани од филмската индустрија кај нас. Важно е да се врати жарот и кај организаторите, но и кај публиката која буквално е жедна за ваков тип на настани – рече Бојан Лазаревски, директорот на Агенција за филм.

Покрај споменатите, поддршка добија и Интернационалниот филмски фестивал ОДА, Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ), Државниот филмски фестивал, Златна Рамка, Џифони, Beach Film Festival, Камера 300, Киненова, Скопје филм фестивал, Галичник филм фестивал, Златно тркало, Ехо фестивал на планински филм и други.

Сподели