22 корисници на Еразмус+ злоупотребиле 2,2 милиона евра, парите ќе ги враќаат сите граѓани

Од 2016 до 2018 година биле злоупотребени грантови од европската програма Еразмус + поради што Македонија треба да врати 2,2 милиони евра во европските фондови. 22 корисници ги злоупотребиле парите овој тој период, покажала истрагата што ја спроведе канцеларијата на Европската комисија за борба против измама (ОЛАФ) во земјава, соопшти на вчерашната прес конференција Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за образовни програми и мобилност. Тој не откри повеќе информации за осомничените во злоупотрабата поради тековната предистражна постапка во Обвинителството.

Според Ѓоргиевски, Генералниот директорат за образование млади спорт и култура до Националната агенција лани во ноември доставило известување дека треба да се вратат пари. Според извештајот на ОЛАФ, пронајдени биле неправилности на проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата на „Еразмус плус“ финансисирани од Европската комисија, осносно за вкупно 2.276.212 евра доделени како грантови во помеѓу од 2016 до 2018 година.

По извештајот, Националната агенција опдржала состаноци и координација со Министерството за образование и наука, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Европската Унија во земјава, била одржана седница на Владата. Ја информирале Управата за финансиска полиција каде веќе бил пристигнат извештајот од ОЛАФ. Целиот случај бил доставен до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во текот на месецов пристигнало конечно известување дека парите мора да се вратат.

Кон крајот на 2020 година Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против тогашната директорка на Националната агенција, Лидија Димова, против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски и против други лицаза евентуална злоупотреба на средствата. Беа осомничени дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543 денари.

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски, против А.Г., надворешен советник и против А.П, благајник во Агенцијата. Беа осомничени дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543 денари. Тогаш Димова на прес-конференција најави проневера на 2,2 милиони евра од претходното раководство на Националната агенција.

До декември 2017 година в.д. директор на Националната агенција беше Дарко Димитров. На негово место дојде Лидија Димова, која раководеше до октомври 2020 година. По нејзиното разрешување, со Агенцијата раководи Марко Ѓоргиевски.

Сподели