200 автори на меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија“ во Охрид

„75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ е насловот на меѓународната конференција која од денеска до среда ќе се одржува во хотелот „Инекс-Олгица“ во Охрид. Со конфренецијата ќе биде одбележан јубилејот – 75 години од основањето на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кој се одржува под покровителство на претседателот Стево Пендаровски. Пријавени се 123 апстракти од 202 автора од вкупно 21 земја.

РЕТРОСПЕКТИВА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНАТА ПОЛИТИКА. ИНСТИТУТОТ ЗА ПЕДАГОГИЈА СЛАВИ 75 ГОДИНИ

– Верувам дека оваа научна конференција ќе придонесе да се направи своевиден пресек на образовните актуелни случувања во Македонија, а ќе се актуелизираат и нови прашања и теми од областа на педагогијата и образованието – вели проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, раководителка на Институтот за педагогија и претседателка на Организацискиот одбор и член на Програмскиот одбор на конференцијата.

Покрај настаните во живо, конференцијата може да се следи и на платформата зум денеска во 10.30 часот:
https://us06web.zoom.us/j/6693555502?pwd=YVhnWFN1ZDVSbVNJczkzY0xoN1dqQT09
Meeting ID: 669 355 5502
Passcode: 0000

Насловна фотографија: Pixabay