Избрани се 19 наслови од пристигнатите 36 што ќе ја продолжат трката за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Селекцијата ја направи жири-комисијата во состав: Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 15 март, информираат од Фондацијата.
Наградата чиј генерален покровител е Коемрцијална банка АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари, а годинава ќе се додели по 25-ти пат.
Овие се романите кои влегоа во потесна конкуренција:
1. „Не кажувам“, Петар Андоновски, „Полица“
2. „Ѕиркачи“, Даниела Андоновска – Трајковска, МИ-АН
3. „Мина“, Игор Анѓелков, „Или Или“
4. „Единствен матичен број“, Лидија Димковска, „Три“
5. „Есента во животот на професорот по марксизам“, Моџо Килингтон, „Арс
Либрис“
6. „Среќните луѓе не слават родендени“, Сашо Кокаланов, „Или Или“
7. „Илина и шумските тролови“, Хана Корнети, „Или Или“
8. „Гени, мени, сени: (потеклото на бабите)“, Владимир Лукаш, „Супрема
издателство“
9. „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“, Блаже
Миневски, „Матица македонска“
10. „Последната мисла во универзумот.Апокалипса“, Валентин Нешовски,
„Антолог“
11. „Заборав“, Томислав Османли, „ВиГ Зеница“
12. „Сѐ уште можам нешто да сторам“, Фросина Пармаковска, „Или Или“
13. „Излегувањето од сенка: тајното женско училиште“, Дијана Петрова,
„Антолог“
14. „Издигнување“, Игор Раиден „Темплум“
15. „Зелениот дворец“, Сибо, „Арс Либрис“
16. „Полиглот“, Игор Станојоски, „Муза“
17. „Бела Сама“, Виолета Танчева – Златева, „Три“
18. „Туѓинци и браќа“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
19. „Succubus“, Катерина Шошко, „Антолог“





