15 уметници на Ликовната колонија „Галичник“

Во селото Галичник на планината Бистра, денеска почнува 32. издание на Ликовната колонија „Галичник која ќе трае до 22 август. На уметничкиот собир ќе учествуваат 15 уметници од земјава и од странство. Повеќето од нив ќе присуствуваат во живот, а поради обврски неколкумина ќе се приклучуваат онлајн.

На колонијата учествуваат: Џозеф ван Калденбург од Холандија, Милка Делибашиќ од Црна Гора, Магдалена Кучко од Полска, Ана Паску од Романија, Клица Антониу од Кипар, Зара Александрова од Бугарија, Ејлул Догруел од Турција, Денис Јагџи од Косово/Србија/Македонија и нашите уметници Гордана Вренцоска, Христина Зафировска, Ивана Самандова, Горанчо Ѓорѓиевски, Доротеј Нешовски, Кристијан Јованоски и Зоран Георгиев.

Во рамките на колонијата ќе се организира и отворена програма за комуникација со локалното население и едукација. Јавни презентации ќе има на 16 и 17 август од 20 часот, пред Упија и работилница за деца на 21 август, во 11 часот.

Сподели