Со изведба на претставата „Некое друго време“ во режија и кореографија на Ирена Лозинска, во Македонскиот народен театар вечерва во 19 часот ќе почне 15. издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2022“. Ќе настапат: Ана Левајковиќ, Миа Кантарџиева-Петровска, Ева Скендеровска и Исидор Јованоски.

Фестивалот ќе продолжи в сабота од 15 до 17 часот со тркалезна маса на тема „Пантомимата и физичкото во иднината“. Во 20.30 часот културниот центар „Нектан арт“ од Србија ќе ја изведе преставата „Дистанци“.

Од денеска до сабота ќе биде отворена изложбата на плакати од изминатите фестивалски изданија. Билетите за фестивалот се бесплатни и можат да се подигнат на билетарницата на МНТ секој ден од 14 часот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.